Full Everesting обид Вршник, Велес
Everesting Велес
Висината на Еверест, качена на еден рид над Велес. Во еден обид, без спиење.
Обидот може и да не успее. Затоа е обид.
- Круга
- 54
- Еден круг
- 2,70 км
- 166,0 м D+
- Вкупно
- 146 км
- Проекција
- 32–37 ч
10–11 октомври 2026 Старт 04:00
Резервен термин ако времето не дозволи: 24–25 октомври 2026. Одлука 48 часа однапред.
Power-hike на качување, контролирано трчање на спуст. Една ноќ на патека, 12,5 часа мрак.
Рутата
Еден круг, повторен 54 пати. Иста патека нагоре и надолу — истиот профил секој пат, како што бараат правилата.
54 пати горе. 54 пати долу. Истиот рид.
- Должина на круг
- 2,70 км
- D+ по круг
- 166,0 м
- Врв
- 444 мнв
- Нето разлика
- 116 м
- Ефикасност
- 61 м D+/км
- Вкупна должина
- 146 км
Кругот почнува на 328 м, се качува 1,35 км до врвот на 444 м со наклон до 23,6 %, и се враќа по истата патека низ 1,35 км спуст со наклон до −23,6 %.
- Целосна мобилна покриеност по целиот круг.
- Спустот е технички: −23,6 % на 100 м прозорец. Осветлување е задолжително.
- Едно качување е ~20 минути — достапно и за деца и за прв обид.
Приклучи се
Покрај главниот обид оди отворен слој. Истиот рид, истиот круг, истиот ден — само ти кажуваш колку.
Не е трка. Нема стартнина, нема ранг листа.
Ноќни смени
Од 22:00 до 05:00 ридот е празен и темен. Тоа се 7 часа кога најмногу се откажува — и кога најмногу вреди да има некој покрај себе на патеката.
Не ти треба форма. Треба да се појавиш.
Побрзо преку телефон? 076 206 638
Часовите 14–27 се критични. Тогаш најмногу вреди да не си сам.
- Дневна светлина
- Мрак
- Се бара придружба
Слободни смени по 2 часа
- 22:00–00:00 2 ч
- 00:00–02:00 2 ч
- 02:00–04:00 2 ч
- 04:00–05:00 1 ч
Што значи една смена
- Оди еден или повеќе круга заедно. Не мора да трчаш — темпото е пешачко.
- Понеси своја чеона ламба и резервни батерии.
- Ако не сакаш да качуваш: и една смена на базата вреди исто.
Пријави се за смена
Поддржувачи
Ова не е спонзорски пакет со логоа. Ова е поддршка на обид што може и да не успее — и затоа се комуницира отворено, од почеток.
Поддршка на обид, не спонзорски пакет.
Сè уште нема ниту еден. Тука ќе стојат имињата на оние што ќе го овозможат — по име, не по големина на логото.
Нивоа на поддршка
-
Поддржувач
Помал придонес — пари или производи
Име на сајтот, спомнување во објавите
-
Партнер на обидот
Поголем придонес — пари, производи или услуги
Логотип на сајт и банер, присуство на база, содржина од настанот
-
Темел на обидот 2026
Најголем придонес или клучна логистика
Сето горе, плус врзување со брендот низ 2027
Најпотребно е во производи: храна и хидратација за 33+ часа, осветлување, шатор и превоз.